„Воздух за здравје, ништо помалку“, „Кој лево, кој десно, сите се гушиме“, „Во Скопје живеат коли и згради, ние луѓето само се гушиме“, се само дел од пораките што скопјани денеска ги подгтовија за протестниот марш.



Повеќе од илјада граѓани се вклучија во протестот кој започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува пред Собранието и ќе заврши пред Владата.
Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, беше посочено на маршот.