На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од огномет кој бил испукан во центарот на Скопје додека траат деновите на жалост поради трагедијата во Кочани.
Според видеата може да се види дека огнометот е испукан покрај кејот на Вардар во центарот на Скопје, во близина на Градскиот парк, поради што граѓаните на социјалните мрежи негодуваат.
Сите коментари се со критики кон огнометот, дека денови на жалост поради загубени 59 млади животи не се моменти кога треба да се прославува и пука огномет.
„Има и вакви лудаци што одбележуваат нешто со огномет денес. Аман бе луѓе, аман!“ е еден од коментарите.
Има и вакви лудаци што одбележуваат нешто со огномет денес 🤮🤮🤮 аман бе луѓе аман! pic.twitter.com/Zmc8j3eESq
— Nono Shotar (@NonoShotar) March 19, 2025