[Видео] Каролина Гочева со силна порака: Биди херој, спаси живот!

Каролина

Каролина Гочева се вклучи во кампањата за поттикнување на органодарителството.

Во нејзиното обраќање до јавноста таа има силна порака што ви ја пренесуваме целосно:

Статистиката вели: На секои 9 минути ново име се запишува на листата за донација на орган. Во секој момент повеќе од 100.000 луѓе ја чекаат својата нова шанса за живот. За жал многу од нив и не успеваат да ја дочекаат.

Го имаме и фактот дека еден донатор може да спаси до 8 животи, што многу ја олеснува одлуката за донирање, затоа што донирањето на орган е пред сѐ еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни.

Со изборот да донирате вашата приказна не завршува со вас, туку продолжува да живее низ некој друг, а кога веќе ќе не нема не можеме со нас да ги понесеме отчукувањата на срцето, но можеме да ги оставиме да донесат радост и љубов во нечиј друг живот.

Затоа, биди причината што нечие срце продолжува да чука. Биди чудото за кое толку многу семејства сонуваат. Биди херој, спаси живот!

Зачлени се на нашиот е-билтен