Премиерот Мицкоски не одговори на директното новинарско дали постои или видео или аудио снимка од средбат со со Здружението на граѓани „16 март 2025“ од Кочани што се одржа на 7 јули кога тој им рекл на родителите на загинатите и повредените од пожарот во Кочани да си одредат цена за своите деца.
Наместо одговор на прашањето тој рече дека „болката е преголема, уште сите ја чувствуваме. Ве молам таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари“.
– Јас сочувствувам со родителите. Ве молам да ја оставиме таа тема на тие луѓе што навистина чувствуваат голема болка, а не што сакаат ситни политички поени, да добиваат од тоа, изјави Мицкоски.
И од Владата посочија дека на средбата со семејствата се разговарало со највисока почит, разбирање и внимание за болката што ја носат родителите, но и во целост ги отфрлаат и тврдењата дека постои видеоснимка од состанок или од било која друга средба во кабинетот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Ова тврдење на Владата дојде откако како реакција на соопштението на Владата од петокот, од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ од Кочани информираа дека целиот разговор бил снимен од службите во Владата.
-Доколку навистина стоите зад своите зборови и верувате во транспарентноста и чесноста, Ве повикуваме слободно да ја објавите целосната видеоснимка од тој состанок, за јавноста самата да се увери во вистината, се вели во соопштението на здружението.
Според соопштението на Здружението на граѓани „16 март 2025“ од Кочани, Мицкоски ги навредил повеќекратно, меѓудругото и бидејќи им рекол дека нивните барања се исти како тие на опозициската СДСМ, партија која достави предлог-закон во Собранието за помош на настраданите и дека наводно им рекол „да одредат деца за нивните деца“.