Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаба до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 5 до 12°C, додека максималните дневни ќе достигнат од 18 до 30°C.
И во Скопје се очекува слична метеоролошка слика – сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе се движат меѓу 9 и 30 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, стабилното и топло време ќе продолжи и во недела. Во понеделник попладне се можни изолирани локални нестабилности, а од вторник следува период на променливо и нестабилно време, со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава.