„Визер“ воспостави нова авиолинија Скопје – Прага

Од денеска патниците од Северна Македонија добиваат нова авионска врска со Европа, откако авиокомпанијата „Визер“ официјално ја пушта во употреба линијата Скопје – Прага. Првиот лет ќе биде промовиран на Меѓународниот аеродром Скопје, со што чешката престолнина станува нова дестинација на листата на летови од скопскиот аеродром.

Отворањето на линијата е дел од поширокиот план за проширување на мрежата на летови, што беше најавен уште во јули од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тогаш беше соопштено дека е потпишан договор за воведување пет нови авиодестинации од Скопје – Стокхолм и Мадрид од ноември, како и Бари, Келн и Прага од декември.

На денешната промоција, според најавите, ќе присуствуваат генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Неџат Курт, амбасадорот на Чешка во земјава Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Визер“ Андраш Радо, како и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Зачлени се на нашиот е-билтен