Владата бара законски измени за лиценците да се проверуваат два пати годишно

Владата денеска усвои измени во седум закони од областа на транспортот, воведувајќи обврска за проверка на имателите на лиценци двапати годишно.

Како што соопшти владината прес-служба, промените се резултат на неодамнешни трагични настани и имаат цел почести контроли за зголемување на безбедноста.

„Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните“, се вели во соопштението.

Законот предвидува и итна суспензија при неправилности, без одлагање поради жалби. Вицепремиерот Александар Николоски информира дека од 3.100 досега проверени лиценци во градежништвото и урбанизмот, 479 се со неправилности и ќе бидат одземени. Тој најави дека идните контроли ќе бидат обврзувачки на секои шест месеци, а не доброволни.

„Целта не е да казнуваме, туку компаниите да ги исполнуваат условите што сами прифатиле“, истакна Николоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен