Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата денеска ќе разгледа предлог-закон за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.
-Очекуваме линеарно зголемување на пензиите, тоа го бараат пензионерите од Владата – тој процент што треба да се зголеми да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека очекува Собранието да го изгласа законот пред распишувањето на локалните избори.
-Денеска на седница на Владата би требало предлог законското решение да помине и веднаш потоа да биде испратено до Парламентот. Очекувам Парламентот пред распишување на локалните избори тоа да го изгласа позитивно, рече премиерот Мицкоски.
Во однос на мерките за справување со цените, премиерот најави дека Владата наскоро ќе излезе со конкретни мерки за заштита на граѓаните.
-Ние сме сите на иста страна, и граѓаните и Владата, и многу скоро ќе излеземе со мерки кои што ќе значат заштита на интересите на граѓаните, се разбира, рече премиерот Мицкоски, додавајќи дека јавноста ќе биде информирана веднаш штом мерките бидат подготвени.