Наместо 43 милиони евра за реформите што требало да бидат спроведени до јуни 2025, Македонија ќе добие само 16 милиони. Овие 16 милиони одат за оствареното со реформските проркт за три реформски закони и тоа во Министерство за дигитализација, се посочува во последниот извештај Европската Комсија во делот за Северна Македонија.
Сите останати реформи што требаше да ги остварат сите други владини министерства и институции до јуни 2025 година, или не се остварени или се со спровдени мерки кои не се опфатени со реформскиот пакет кој треба да биде финансиран од Планот за раст на ЕУ.
Во извештајот на Европската комисија најголем број забелешки, односно неостварени реформи се нотирани кај Министерството за енергетика и рударство, кај Министерството за транспорт и врски и кај Министерството за правда, каде што листата на нереализирани реформи е најдолга.
Министерството за енергетика и рударство не ги усогласил пакетот за интеграција на електрична енергија за да овозможи спојување на пазарот на електрична енергија на ЕУ со оној на Северна Македонија. Тоа не е постигнато иако било предвидено да воспостави иснтрументот „Ден однапред“ согласност со планот за интеграција на операторите за спојување на пазарот до крајот на 2025 година
Од ЕК министерството е испратенео на поправен испит со „грејс период“до 30 јуни 2026 година.
Истото министертсво за Божиновска не го реализирало постепеното прилагодување на цената на електричната енергија на пазарно ниво придружено со мерки за справување со енергетската сиромаштија.
Не е спроведена ниту имплементација на енергетските перформанси во зградите на владата со директивите за енергетска ефикасност што ја загрозува мерката тоа да се оствари согласно тригодишнио план за реновирање на зградите на централната власт усогласен со годишната цел за реновирање од 3%.
Европската комисија констатира и застојот на реформите за поттикнувањето на развојот на малите и средни претпријатија (МСП) преку усвојување и спроведување на новата стратегија за МСП. Врз основа на претходното мапирање на 377 такси и препораките од поврзаниот проект за техничка помош финансиран од ЕУ, само 28 такви такси се оптимизирани.
Имплементацијата на овој чекор не е на вистинскиот пат и Комисијата смета дека овој чекор не е постигнат.
Кај Министерството за транспорт и врски, чиј министер толку многу се експонира во јавноста со својата наводна активност, е нотиран застој на реформара за управување со државните претпријатија со фокус на железниците и поштенските услуги. Не е остварена реформската мерка за создавање регистар на државни претпријатија и компании со учество на државата, кој е јавно достапен со план за реструктуирање на операторот на државни железници и управителот на железничка инфраструктура е усвоен во јануари 2025 година.
Европската комисија запиша деке не е реализираное сеопфатно разгледување на изборното законодавство за да се решат постојните недоследности и дополнително да се адресираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија.
Од долгата листа на забелешки на реформските обврски на Министерството за правда ги издвојуваме прекинот во подобрувањето на судскиот интегритет преку ревидирање на процесите на регрутирање, селекција, назначување, оценување, унапредување, преместување и разрешување на судии и обвинители.
Комисијата на ЕУ констатира дека не се донесени измените на законите што ги регулираат платите на судиите и обвинителите, како и на судската и обвинителската администрација.
Следната забелешка се однесува на застојот во спроведувањето на подобрена регулаторна рамка на Судскиот совет, особено за дисциплинските и жалбените постапки на судиите (во согласност со мисијата за рецензија на TAIEX од септември 2023 година).
ЕК укажува дека не се се зајакнати капацитетите во врска со конфискацијата и враќањето на средствата во согласност со законодавството на ЕУ и не е воспоставена Канцеларија за враќање на средства (ARO) задолжена за идентификација и следење на криминално стекнати средства, во согласност со законодавството на ЕУ.
Извештајот на ЕК запишал дека сите слободни работни места во Агенцијата за управување со конфискуван имот се пополнети, но нема систематизација, со барање и обезбедување одобрение од Министерството за финансии за предвидените вработувања. Се наведува дека во однос на регрутирањето врз основа на заслуги, тие треба да бидат поткрепени со дополнителни извори на верификација, како што се законската основа што ги наведува критериумите за избор, објавените описи на работните места и обрасците за образложение за вработување. Посебно внимание треба да се посвети на вторите, кои треба да бидат правилно пополнети за секое пријавено регрутирање, јасно наведувајќи ја позадината, искуството и образложението за нивниот избор на кандидатот.
Европската комисија заклучува дека и овој чекор не е остварен.