Не фирмата „Ѓока констракшн“ што била единствената што се пријавила да ги гради катните гаражи на Клинички центар „Мајка Тереза“ – туку Владата и Министерството за здравство биле тие, што во повикот за јавно-приватно партнерство навеле услов „фирмата добитник да плаќа надоместок за концесијата од само еден процент од остварените годишни приходи од претходната година и тоа без ДДВ“.
Документите што се објавени на страницата на Бирото за јавни набавки, а кои ги разгледа „Слободен печат“ покажуваат дека во повикот за јавно-приватно партнерство е јасно наведен овој услов како износ на надоместокот за концесија кој што фирмата ќе ѝ го дава на државата. Проценетата вредност на договорот е 637 милиони денари или 10,3 милиони евра што би требало да ги инвестира фирмата.
Извор Слободен печат