Власта е глува за антиуставноста на законските измени за верските училишта

Мрежата за заштита од дискриминација побара од Собранието да не го гласа предлог – Законот за установи за средно образование на верските заедници, односно за верските училишта. Законот е противуставен и правно неусогласен, задирајќи во секуларниот карактер на државата.

И покрај претходната реакција на мрежата за неуставноста на предлог – Законот, Комисијата за образование, наука и спорт го оцени како прифатлив и го даде на понатамошно читање.

Освен фактот што одредби од предлог-законот се неуставни, истиот содржи одредби коишто се неусогласени едни со други. Апелираме до пратениците да не го гласаат предлог-Законот и да внимаваат на уставните одредби при гласање и предлагање на закони.

Од друга страна, особено загрижува фактот што Собранието, по втор пат, предлага закон со содржина којашто претходно Уставниот суд ја има оценето како неуставна, со што се загрозува принципот на поделба на власта.

Таквиот однос на законодавниот дом сериозно го загрозува принципот на поделба на власта, којшто е клучен за едно демократско општество, базирано на владеење на правото. Одлуките на Уставниот суд служат како насока за секое наредно регулирање на одредена област и претставуваа клучна алка во принципот на „кочници и рамнотежа“ (checks and balances).

Мета.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен