Додека британските медиуми интензивно известуваат дека Македонија е меѓу земјите каде Велика Британија планира да ги префрли одбиените азиланти, реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ е речиси – непостоечка. Овој тивок однос доаѓа во остар контраст со нивната досегашна реторика за мигрантите.
Tокму ВМРО-ДПМНЕ со години водеше агресивна кампања на страв и недоверба кон мигрантската политика, со наслови како: „СТРАТЕШКИ ДОКУМЕНТ: Заев и Царовска масовно ќе доселат мигранти, ќе им даваат државјанства, вработување и станови и куќи“, или изјави како онаа на Колариќ: „СДС се исмева со стравот на граѓаните по прашање на населување на мигранти“.
Додека англиските медиуми на големо јавуваат дека Македонија ќе биде една од земјите каде ќе се префрлаат одбиените азиланти од Британија, мислам дека е право време да се потсетиме на доследните ставови од ДПМНЕ на тема „мигранти“: pic.twitter.com/vIUYVTzzxx
— Daniel Evrosimoski (@evrosimoski) May 16, 2025
Сега, кога реалната опасност од договори за прифаќање на азиланти од Британија станува актуелна тема, наместо остри осуди, ВМРО-ДПМНЕ молчи. Ваквата недоследност отвора сериозни прашања: дали партијата навистина се грижи за миграцијата, или целата нејзина реторика беше само политички инструмент насочен против тогашната власт?
Со оглед на обемот на нивните минати предупредувања, јавноста очекува јасен и гласен став. Но, кога мигрантите не доаѓаат преку СДСМ, туку како резултат на меѓународни договори за кои и ВМРО-ДПМНЕ би имала обврска како потенцијален идeн коалициски партнер, стравовите кои некогаш ги распалуваа, изгледа, чудесно исчезнуваат.