Тотална конфузија завладеа на релацијата ВМРО-ДПМНЕ – Влада на Северна Македонија во врска со ИПАРД скандалот.
Од Партијата тврдат дека од „Брисел нема најава за блокада на ИПАРД-средствата на коишто сме како држава корисници“, а од Министерството за финансии (МФ), кое е под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, објавија соопштение дека се стопирани исплатите од ИПАРД програмата. Уште повеќе, министерството ја известило Европската комисија, по што Брисел ја поздравил одлуката.
„Според соопштението на Министерството, Европската комисија (ЕК) била веднаш информирана за оваа одлука, а од Брисел повратно ја поздравиле мерката, оценувајќи дека е правилен чекор за заштита на европските средства и довербата во системот“.
За да биде појасно, треба да се каже дека ИПАРД средствата не ги исплаќа Брисел, како што сака да наведе ВМРО-ДПМНЕ, во своето соопштение, туку тоа го прават домашните финансиски институции, односно МФ, кое преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), ги префрла парите, преходно добиени од Брисел, до земјоделците.
Николовски: Се потврди скандалот со ИПАРД
Така што, ВМРО-ДПМНЕ само му прави штета на сопственото министерство во обидот да гпо сврти вбниманието на јавноста и од суштината. А таа е: ИПАРД средствата за поддршка на земјоделците се „замрзнати“ и нема да бидат одмрзнати додека владата не си го расчисти скандалот во сопствените редови.
Оттаму, тоа што го вели поранешниот министер за земјоделство е сосема точно.
„Се потврдува она што го говорам неколку дена – дека е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД, а Владата и Министерството за земјоделство се обидуваа да ја сокријат. Суспензија имало два пати и тоа само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, во 2011 и сега во 2025 година“, рече Николовски.
СДСМ објави фотографии за поврзаноста на Трипуноски со осомничена во скандалот ИПАРД
Затоа се бесмислени и залудни нападите на ВМРО-ДПМНЕ врз Николовски и претставуваат само обид во кој дополнително се заплеткуваат во намерата да скријат нешто што се гледа дури до Брисел. Корупција со европски пари во кои е вмешан врвот на Министерството за земјоделство и на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

