Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Внимание: За повеќето битолчани Битола се држи јако, а за некои ѝ „падна газо“

Екипата на „Внимание, внимание– зборуваат граѓаните“, ги праша битолчани: „Дали Битола се држи јако, или ѝ падна газо?“, мислењата кај битолчани се поделени. Некои велат „ѝ падна газот“, други велат „и така и така“, трети „се држи јако и ќе се држи јако“, „Битола се држи на најјако ниво досега“, но има и такви што сметаат дека „не баш да падна газо скрос, ама тука негде“.

На прашањето, ако Битола е главен град, кои институции од Скопје би ги префрлиле во Битола, граѓаните даваат изненадувачки одговори. Неколку од прашаните битолчани одговорија дека би сакале тоа да биде Македонската опера и балет, но и Министерството за култура. Додека едни се изјаснија дека не би сакале да биде како Скопје со облакодери, други пак сакаат облакодери, трговски центри и кино.

Други пак одговорија дека би тоа би било „централната банка“, како и „повеќето од половината министерства“, за трети пак, рекоа „се што е во Скопје треба да се префрли во Битола, иначе како ќе биди главен град?“

Битолчани даваат духовити одговори и на прашањата „Кој е најголемиот битолски кабадаја?“ и „Кој е најпознатиот битолчанец во историјата?“. Според нив кабадаи има многу и не би издвоиле никој да не се налутат другиве.

А за тоа која е најпозната личност од Битола, во листата се најдоа браќата Манаки, Каролина Гочева, Тоше Проески, затоа што четири години бил во Битола, друг вели Кемал Ататурк, трет познатиот лик Паљо.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Зачлени се на нашиот е-билтен