Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и производи со поминат рок

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на 2024 година спроведе околу 30.000 инспекциски контроли на оператори со храна, како дел од редовните, вонредните и увозните надзори. Како резултат, уништени се 50 тони небезбедна храна, издадени се 2.000 решенија за отстранување недостатоци, и изречени се 300 парични казни.

Од јануари до ноември, вкупно се реализирани 117.465 инспекциски контроли, а до крајот на годината бројката е очекувано да ја надмине онаа од 2023 година (125.909 контроли). Акцентот беше ставен на објекти кои работат со ранливи категории, како градинки, домови за стари лица, игротеки и основни училишта.

На граничните премини, инспекторите вратиле или уништиле 74 тони небезбедна храна од увоз. Кај храната од животинско потекло, 14 пратки биле означени како небезбедни, од кои 9 се вратени, а 5 нештетно уништени.

Во Базата на податоци за вонредни инспекциски надзори биле евидентирани 317 иницијативи. Од нив, најчести се:

Сомнеж за труење со храна (13 случаи)
Производи со поминат рок (12 случаи)
Присуство на контаминенти (8 случаи)
Нехигиена (7 случаи)

Дополнително, имало 36 пријави за неодговорно сопствеништво на животни и 14 за напади од кучиња.

АХВ најавува дека анализата на податоците од 2024 година ќе биде евалуирана во првите месеци од оваа година, со цел подобрување на безбедноста на храната и здравствената заштита на потрошувачите.

Зачлени се на нашиот е-билтен