Во Битола со пригодна програма се одбележа 21 мај – Светски ден на културната различност, востановен во 2002 година од Генералното собрание на Обединетите нации.
На културниот настан во Битола учествуваа културно уметнички друштва од градот кои го негуваат македонскиот фолклор, но и друштва кои ја негуваат традицијата на националностите што живеат во Битола, односно Комуна на Власи, Здружение „Ромска ѕвезда“, Здружение за Македонско-Српско пријателство, Македонско -Турско здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ и Здружение „Нентори 22“ од Битола.
Одбележувањето на 21 мај -Светски ден на различностите е со цел да се зголеми разбирањето за тоа колку е вредна културната различност, но и начин на поддршка и промоција на одржливи системи на владеење за културата, постигнување на избалансиран проток на културни добра и услуги, но и зголемување на мобилноста на уметниците и културните професионалци.