Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Буџетот 2025 нема средства за когенеративна централа, пари за животна средина значително помалку

Во најновиот буџет предложен од Владата, за кој денеска започна расправата во Собранието по комисии, не се предвидени средства за модернизација на енергетските капацитети, ниту за нови инвестиции во енергетската ефикасност. Според најавите на премиерот Мицкоски, во план беше изградба на гасна когенеративна централа која требаше да помогне во намалување на загадувањето, но таков проект не е финансиски поддржан. Дополнително, средствата за гасификација се преполовени, а за енергетска трансформација, исто така, не е предвиден никаков фонд. Средствата за развој на енергетиката се намалени од 406.331 денари на 243.100 денари.

Паралелно, Министерството за животна средина издвојува повеќе пари за нови вработувања, но на штета на критичните програми за заштита на животната средина. Тие средства се намалени од 611.387 на 442.065 денари, што е драстично кратење од 27,7%. Особено загрижува и намалувањето на средствата за програмите за квалитет на воздухот, кои опаѓаат за цели 51%, односно од 46.415 на 22.771 денари.

На почетокот на мандатот, претходната влада на СДСМ изработи план за чист воздух поддржан од Европската комисија, со акционен план и алоцирани средства од 1,5 милиони евра.

Ова скратување на буџетот од новата Влада го отвора прашањето: дали Владата навистина ги става на приоритет борбата против загадувањето и унапредувањето на енергетската ефикасност, или само останува на зборови.

Зачлени се на нашиот е-билтен