Во државата се формира „Зелена народна стража“ – нова граѓанска иницијатива за заштита на природата, здравјето и животните

Државата добива нова граѓанска еколошка иницијатива под името „Зелена народна стража“ (ЗНС), со цел да се обедини населението во заедничка борба за заштита на природата, човековото здравје и правата на животните. Иницијативата изразува сериозна загриженост за еколошките и општествените проблеми со кои се соочува земјата, нагласувајќи дека е дојден моментот гласот на народот да се слушне погласно од кога било.

Според основачите, „Зелена народна стража“ има за цел да ги мобилизира граѓаните ширум земјата, поттикнувајќи ги да преземат активна улога во справувањето со бројни проблеми како што се:

  • стопирање на новите рудници и индустриски проекти со штетно влијание врз животната средина,
  • заштита на водите, воздухот и шумите,
  • спречување на урбанистички уништувања и сечење на зеленилото,
  • грижа за здравјето на граѓаните,
  • подобра и похумана заштита на животните.

На социјалните мрежи веќе е активна информативна страница преку која граѓаните ќе можат да се информираат за актуелните активности, како и за начините на учество во акциите и јавните повици.

„Се соочуваме со сериозни предизвици, но веруваме дека сплотени можеме да постигнеме промени за доброто на сите. Време е да кажеме – доста беше!“, стои во пораката на иницијаторите.

„Зелена народна стража“ упатува јавна благодарност до сите кои ја поддржуваат оваа мисија и ги повикува граѓаните активно да се вклучат во заштитата на заедничките вредности, природните ресурси и животот во државата.

Зачлени се на нашиот е-билтен