Во Прилеп се отвори почесен конзулат на Украина

Денес во Прилеп се отвори почесниот конзулат на Украина. За почесен конзул е избран Сашо Наумоски, директор на Витаминка Прилеп.

Церемонијата започна со интонирање на националните химни на Република Северна Македонија и Украина, по што пред присутните гости и истакнати личности од Прилеп се обратија градоначалникот на Прилеп – Борче Јовчески, претседателот на здружението „Лесја Украинка“ – Олександер Урбанович, претседателката на здружението на почесни конзули – амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир, новоназначениот конзул Наумоски и претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

По говорите следеше потпишување на Договор за вршење на функцијата Почесен конзул на Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен