Вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз во првиот квартал годинава изнесува 9 845 000 и е намален за 8,6 проценти во однос на првото тримесечје од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во градскиот превоз бројот на патници е намален за 12,4 проценти, а во приградскиот за 6,3 проценти, додека зголемување има во меѓуградскиот за 0.8 проценти и во меѓународниот превоз, за 54,9 проценти.
Вкупниот број на патничките километри е 247 877 илјади и е зголемен за 27,6 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз се зголемени за 30,5 проценти, во приградскиот за 7.2 проценти, во меѓународниот за 62,6 проценти, а намалени се во меѓуградскиот превоз за 5.2 проценти.