Во училиштата во Прилеп се врши притисок врз учениците да не одат на мирните собири и да не се облекуваат во црно

До редакцијата на Рацин.мк пристигна порака од граѓанка на Прилеп со молба да објавиме дека во овој град, професорите и директорите на средните и основните училишта „вршеле притисок и со уцени ги наведувале учениците да не одат на мирните собири“ на кои се изразува сочувство до семејствата и почит кон починатите во трагедијата во дискотеката во Кочани.

Во пораката на граѓанката од Прилеп, за која Рацин.мк ја потврди како автентичен извор, се наведува дека наставниците во училиштата во градот „уценувале со намалување на поведението, со лоши оценки, па дури и со паѓање на државната матура“.

„Се дрзнале дури и да ги прашуваат децата зошто се облечени во црно и им посочиле дека повеќе не траба да доаѓаат така облечени на часови“, пишува граѓанката од Прилеп.

Да потсетиме дека Министерката за образование и наука уште во неделата испратила насоки за наставниците и родителите во основните и средните училишта за трагедијата во Кочани да зборуваат како за изолиран случај и да не генерализираат.

Зачлени се на нашиот е-билтен