Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во вторник студентите ќе знаат дали навистина ќе добијат бесплатен превоз во 2025 година

Владата на редовната седница во вторник ќе донесе одлука за потпишување договор кој ќе обезбеди средства за субвенционирање на превозот на студентите. Мерката ќе продолжи непречено од јануари, потврди премиерот Христијан Мицкоски.

– „Средствата се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за 2025 година. На седницата на 31 декември ќе донесеме одлука за потпишување договор, по што средствата ќе бидат префрлени на ЈСП за студентите да го користат јавниот превоз без прекин,“ изјави Мицкоски.

– „Ова е помалку од она што е потребно за ЈСП, но интервениравме кога беше неопходно за да се обезбеди гориво и да продолжат автобусите да превезуваат патници,“ рече премиерот.

Студентите, преку Универзитетското студентско собрание на УКИМ, претходно упатија апел до Владата и Министерството за образование за продолжување на бесплатниот превоз во 2025 година, истакнувајќи ја важноста на оваа мерка за нивниот секојдневен живот.

Одлуката во вторник ќе го потврди продолжувањето на субвенцијата, со што студентите ќе можат непречено да ги користат услугите на јавниот превоз во Скопје.

Зачлени се на нашиот е-билтен