Во текот на 2024 година, во Македонија е забележан значителен пораст на увозот и продажбата на нови и половни возила. Според податоците на Царинската управа, до декември се увезени 49.462 автомобили, од кои 12.170 се нови, а 37.293 половни. Ова претставува раст во споредба со 2023 година, кога биле увезени вкупно 43.212 автомобили (9.999 нови и 33.213 половни).
Специјализираниот автомобилски сајт BestSellingCars, повикувајќи се на свои извори, објави дека пазарот на нови автомобили во Македонија годинава бележи раст од 41,3%. До октомври, продадени се околу 6.100 нови возила.
На европскиот пазар, во 2024 година се продадени речиси 13 милиони нови автомобили, со доминација на Dacia Sandero, која за прв пат се најде на врвот, пред VW Golf и Renault Clio.
Dacia Sandero: 245.686 регистрирани возила (+14%)
VW Golf: 198.886 (+20%)
Renault Clio: 195.930 (+9%)
И покрај растот, Tesla Model Y останува убедливо најпродаван електричен автомобил во Европа, со повеќе од 180.000 регистрирани единици, иако бележи пад од 20%.
На светско ниво, Toyota Corolla е лидер со 901.991 продаден автомобил, следена од Tesla Model Y со 865.868 продадени возила и Toyota RAV4 со 836.258 (+13,7%).
И покрај побавната транзиција од традиционалните возила кон електрични, глобалните трендови укажуваат на постепена електрификација на автомобилскиот пазар. Електричните модели полека заземаат значајно место во светските ранг-листи, поттикнувајќи ги производителите да инвестираат во одржливи технологии.