Проценките во последниот Национален план за управување со отпад се дека во земјава има над 2.000 нелегални депонии, а педесет и четири нестандардни депонии распространети низ целата држава, ги трујат македонските граѓани. Но, и покрај овие бројки и натаму не почнува изградбата за петте планирани регионални современи центри и покрај тоа што е одобрен грант од Европскат унија и заем од Европската банка за обнова и развој.
Главниот предизвик за изградбата на регионални депонии во Македонија е отпорот од локалните власти и недовербата на жителите во општините каде што се планирани депониите. Локалното население се плаши дека нивните заедници ќе се претворат во центри за депонирање на големи количини отпад, без доволно еколошки гаранции.
Од граѓанската организација „Го Грин“ предупредуваат дека проектите доцнат и дека државата треба активно да инвестира за да ја добие довербата на граѓаните.
-Локалното население нема доверба дека депониите ќе бидат изградени по стандарди и без негативни влијанија врз животната средина. Важно е да им се покаже на луѓето дека овие проекти ќе донесат придобивки за нив,“ велат тие.
Процесот за модерно управување со отпадот започна со Законот за управување со отпад од 2006 година, поставувајќи стандарди за изградба на регионални депонии. Во 2010 година беше подготвена рамка за изградба на пет современи депонии во различни региони, но ниту една од нив сè уште не е започната. Министерството за животна средина најави дека градежните работи ќе започнат кон крајот на 2025 година.
Во 2010 година беше изработена рамка за изградба на петте регионални современи центри за отпад, а од 2012 започна изработката на првите документи и планови.
Според планираните документи, во Русино треба да биде изградена регионална депонија за Полошкиот регион, Дрисла да биде за Скопски регион, Новаци за Југазападен и Пелагониски регион, Добрешинци за Југоисточен и Врадарски регион и Свети Николе за Источен и Североисточен регион.
Според Министерството, тековно се подготвува тендерската документација, по што ќе следат евалуацијата и склучувањето на договори за градба. За проектите се обезбедени средства преку грантови од ИПА фондовите на ЕУ и заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ако изградбата не се заврши навреме, ЕУ предупредува дека финансирањето може да биде одземено, што дополнително го истакнува значењето на овој проект за локалната средина и здравјето на граѓаните.
За депониите во Источен и Североисточен регион беше одобрен грант од 40 милиони евра грант од ИПА фондовите на ЕУ а за Југазападнеи и Пелагониски регион, Југоисточен и Врадарски регион и Полошки регион 55 милиони заем од ЕБОР.
Рокот за проект за Свети Николе кој е финансиран од фондовите на ЕУ е 2026 година и доколку не се спроведе навреме, финансирањето од ЕУ ќе се одземе. Од Делегацијата на ЕУ наведоа дека тоа ќе се случи бидејќи важат роковите за имплементација и дека покрај еколошките придобивки, од големо значење е навременото спроведување на проектот во дадените рокови.