Водата за пиење во Скопје е безбедна и го исполнува прописниот квалитет, покажува најновиот неделен извештај на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Секторот за санитарна контрола, во периодот од 3 до 7 ноември 2025 година, спровел редовен мониторинг и земал 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода од 50 локации низ градот.
Резултатите од испитувањата покажуваат дека сите анализирани примероци се во согласност со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, со што се потврдува дека скопската вода е безбедна за секојдневна употреба.

