Волстрит џурнал: Трамп подготвен да воведе санкции кон Русија оваа недела

Претседателот на САД, Доналд Трамп, размислува да воведе санкции против Русија оваа недела, бидејќи сè повеќе се фрустрира од нападите врз Украина и бавниот напредок на мировните преговори, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на неименувани извори.

Според изворите, малку е веројатно дека мерките ќе вклучуваат нови банкарски санкции, но се разгледуваат други опции за вршење притисок врз Владимир Путин да прифати отстапки – меѓу кои и 30-дневен прекин на огнот.

Сепак, весникот наведува дека постои можност Трамп на крајот да се откаже од нови санкции и наместо тоа целосно да се повлече од преговорите.

Зачлени се на нашиот е-билтен