Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Воздухот во Скопје и повеќе градови загаден со ПМ10 честички

Синоќешните мерења покажуваат значително зголемени концентрации на ПМ10 честички, надминувајќи ја дозволената граница од 50 μg/m³, според податоците од платформата на Министерството за животна средина.

Во Скопје, сите мерни станици бележат вредности над дозволеното. Најзагаден е воздухот кај Лисиче со 133 μg/m³, додека во Центар е измерено 98,54 μg/m³.

Сериозна состојба е регистрирана и во други градови: Кавадарци (113,6 μg/m³), Кичево (122,9 μg/m³), Битола (92 μg/m³), како и во Струмица, Куманово, Охрид и Гостивар, каде исто така се забележани високи концентрации.

Зачлени се на нашиот е-билтен