Вознемирувачки фотографии: Тешко повредените во пожарот во Кочани немаат соодветна нега

SupportKоcani објави дека повеќе од 70 лица во Кочани имаат вакви или полоши изгореници, какво што се гледаат на објавените фотографии, по различни делови од телото.

Објавата е од сензитивен карактер за да се види сериозноста на повредите и степенот на изгореници како и бројката на лица кои се соочуваат со вакви или слични повреди.

Од SupportKоcani истакнуваат дека ова е вистината на повредените во пожарот во клубот „Пулс“.

Вчера беше објавено и дека повредените кои се вратени од странство немаат соодветна нега зашто медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните

Од SupportKоcani наведуваат дека Хипербарната комора сѐ уште не е во употреба.

Повеќе од 50 деца моментално и после 2 месеци од настанот имаат вакви или слични повреди на главата и лицето.

Од SupportKоcani најавуваат во следните денови следуваат повеќе фотографии и информации за лекувањето на повредените лица со цел да се сфати сериозноста на повредите и нагласуваат дека нема да ги остават сами жртвите на пожарот.

Зачлени се на нашиот е-билтен