Дел од вработените во ЈП „Улици и патишта“ денеска протестираа пред бараките на Град Скопје, незадоволни што до 20 декември сè уште не ја примиле плата за ноември, како и поради неизплатениот К-15.
Протестот беше организиран од Независниот синдикат на претпријатието при КСОМ. Вработените посочија дека претпријатието е во тешка финансиска состојба, со големи долгови кон добавувачите и блокирана сметка, поради што немаат материјални средства за работа. Тие побараа итна исплата на платите, одблокирање на сметката и создавање услови за работа. Вработените најавија дека ако не ја добијат платата, од понеделник ќе започнат со протестни активности, вклучувајќи блокирање на градските улици и исклучување на семафорите.
Од ЈП „Улици и патишта“ пак, тврдат дека платата веќе е исплатена и го обвинија протестот за политички мотивиран. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да создава криза во јавните претпријатија, вклучително и во оваа институција.
„Мицкоски треба да ги информира вработените дека одлуката за зголемување на платите и исплата на К-15 се носи од Управниот одбор на претпријатието, чиј состав е избран од ВМРО-ДПМНЕ. Се прашуваме зошто синдикатот не се бори за правата на вработените во државното претпријатие „Железници“, каде што има месеци доцнење со плати“, се вели во соопштението од ЈП „Улици и патишта“.
Од претпријатието додаваат дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да ја преземе контролата над скопските јавни претпријатија и затоа постојано организираат протести и креираат кризи, дури и во ситуации каде што плата веќе е исплатена.
„Зошто да се прават притисоци кога платата е исплатена? За што се прават овие притисоци?“ се прашува претседателот на синдикатот Марјан Ристески.