Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите-ќерки „Флораком“ и „Луна“ денеска повторно протестираа и два часа го блокираа булеварот „Илинден“. Причината – нередовна исплата на плати.
Претседателот на синдикатот СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, изјави дека работниците сè уште не ја добиле августовската плата која требало да биде исплатена до 15 септември. „Се надеваме дека менаџментот ќе има разбирање и проблемот ќе се реши“, рече тој.
Од директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Јетон Бучи, не добивме одговор на прашањето кога ќе биде исплатена платата.
Ова не е прв пат вработените да излезат на протест. Тие предупредуваат дека покрај тоа што остануваат без приходи, ќе останат и без здравствено осигурување.
За утре најавија нови блокади ако проблемот не се надмине.