Вреди избира лидер: Меџити или Касами?

Касами е повеќе фактор во Тетово, а јас во Скопје, рече Меџити на новинарско прашање за тоа кој ќе биде новиот лидер на Вреди.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити денеска во гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами ќе се избира идниот лидер на ВРЕДИ. 

„Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија“, рече Меџити.

Зачлени се на нашиот е-билтен