Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Врховниот суд со „неутрално“ соопштение: Го охрабруваат Судскиот совет да ја надмине состојбата

„Врховниот суд на Република Северна Македонија како и целата јавност внимателно ги следи случувањата во Судскиот совет на Република Северна Македонија“, беше објавено денес во соопштението со кое Судот го пренесува ставот на претседателката Беса Адеми.

„Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување на препораките нотирани во релевантните извештаи за напредокот на Република Северна Македонија, како што се извештајот на Европската комисија и извештајот на Стејт департментот“, се наведува во писмената изјава на претседателката на Врховниот суд.

Адеми го охрабрува Судскиот совет да ја надмине состојбата првенствено во интерес на граѓаните и во таа насока да продолжи подготовката на стратегијата за реформи на правосудството, потребните законски измени и примената на европските стандарди, независноста и ефикасноста на судството, борбата против корупцијата, транспарентноста и враќањето на јавната доверба.

Зачлени се на нашиот е-билтен