Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Втор ден Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се караат за Буџетот

Ескалација на конфликтот меѓу Арсовска и Славески за градскиот буџет за 2025 година ја покажува продлабочената поларизација во Град Скопје. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, ја обвинува градоначалничката Данела Арсовска за манипулации и непочитување на законските процедури за носење на буџетот. Според него, неисполнувањето на обврските може да предизвика блокада на функционирањето на градот.

Од Град Скопје одговараат со остри критики кон Славески, нарекувајќи го незнајко и го прашуваат дали ќе бара одговорност од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои не ги почитувале буџетските рокови.

Овој судир дополнително го комплицира односот меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кој започна да се нарушува уште од 2022 година, откако Арсовска ги разреши блиските соработници на Мицкоски поради обвинувања за тендерски неправилности.

Зачлени се на нашиот е-билтен