Треба да се напушти концептот на „преправање“. ЕУ се „преправа“ дека сака проширување, земјите од Западен Балкан се преправаат дека сакаат членство во ЕУ, сите се „преправаат“ дека спроведуваат реформи.
Ова е оценката на професорот на белградскиот универзитет и поранеше амбасадор на Србија во САД, Иван Вујичиќ, на дебатата „Навигација на европскиот пат: Можности и предизвици“, што се одржа денеска во Скопје.
„Во однос на проширувањето, многу е важно Црна Гора да стане следната членка на ЕУ, којашто освен што е најблиску до тоа заради домашните реформи и за да остане жив процесот на проширувањето како стратегија. Тука е и Албанија, но трева да видиме во однос на подготвеноста на таа земја“, оцени Вујичиќ.
Вујичиќ предупореди дека секое одлагање на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, може да предизвика тензии внатре во секоја земја одделно.
„Проширувањето може да го спречи тоа затоа што се докажа дека внатрешните судири исчезнуваат или се сведуваат на минимум кога земјите стануваа членки на ЕУ. Тоа секако не ги ослободува од одговорност лидерите на земјите во регионот. Но потребен е нов, свеж ангажман“, истакна белградскиот професор.
Вујачиќ повтори дека е многу важно Црна Гора да биде следната во проширувањето на ЕУ за да биде поттик и за другиуте дека процесот е жив.
Вујачиќ ја исклучи Србија од тие процеси, зашто, како што рече, актуелното раководство во Белград ја води земјата во друга насока, ама сѐ уште не се спремни јавно да кажат „не ни треба ЕУ“.
„Идејата за ЕУ ја чуваат студентите, но тие се под голем притисок на антиевропската реторика на власта на Александар Вучиќ“, нагласи професор на белградскиот универзитет и поранешен амбасадот на Србија во САД.
Во своето обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: Можности и предизвици“, Вујичиќ истакна дека ако ЕУ сака, или треба да биде последниот бастион на либералната демократија, треба да се држи до своето и на својата територија.
„ЕУ се соочува со криза од фактот дека треба да се откажат од сојузништвото со САД, такво какво што било во претходните времиња и треба да се соочи со тоа. ЕУ не треба да зависи од тоа како ќе гласаат во Висконсин или Мичиген кога ќе се избира американски претседател“, рече поранешниот амбасадор на Србија во Вашингтон.
САД сакаат стабилност во Европа, оцени Вујичиќ, но со нивната нова безбедносна стратегија зазедоа друга позиција кога одлучија дека треба да ги поддржуваат лидерите како Виктор Орбан, кој е непријател на ЕУ.
„ЕУ е во криза и тоа е време на итни и важни реформи ако сака да биде конкуретна на САД и Кина кои веќе се реформираа соодветно на нивните безбедносни стратегии и во однос на нивните надворешни политики. Русија е дел од равенката, но таа е сега зафатена со војната во Украина“, потенцираше Иван Вујичиќ, на дебатата „Навигација на европскиот пат: Можности и предизвици“.
Дебатата „Навигација на европскиот пат: Можности и предизвици“, што се одржа денеска во Скопје, беше во организација на Претседателскиот центар Стево Пендаровски во партнерство со Отворено општество – Западен Балкан и Фондацијата Фридрих Еберт.