За 488 дена, министерот за европски прашања Орхан Муртезани бил 117 дена на службени патувања

Муртезани
Министер за Европа на службено патување во Јапонија, на ЕКСПО

За 488 дена, министерот за европски прашања Орхан Муртезани бил 117 дена на службени патувања. Овие 488 дена се од преземањето на должноста во актуелната влада на 23 јуни 2024 година, до 31 октомври 2025 година. За тој период редакцијата Рацин.мк побара од Министерството за европски прашања информации за бројот на остварени службени патувања, во кои земји и на кои настани во странство учествувал министерот, колку дена било секо службено птаување и кој ги покривал трошоците, односно дали сите трошоци биле на сметка на МЕП или дел од нив биле покриени и од домаќините.

Иако информациите ги добивме од втор обид, преку пристапот до информации од јавен карактер, МЕП ни испрати ексел табела со сите детали кои ги побаравме. Тоа го прави ова министерство доволно транспарентно и респонзивно кога се во прашање информзциите од јавен карактер и од интерес на медиумите, како и министрството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Бројот на денови поминати на службени патувања, можеби и не се многу, бидејќи се работи за министер за европски прашања, но некои работи не соодветствуваат на овој интензитет на патувања.

Прво и основно, ако МЕП е за да ги управува успешно нашите евроинтеграции, тука нема што многу да се истакне за успех. Македонија не е мрдната понапред на овој пат од пред 18 месеци, кога оваа влада најавуваше дека крај на 2024 година, процесот ќе биде откочен, а спорот со Бугарија ќе биде решен.

Следно, на ниту еден начин не можеме да ги довдеме во контекст на „европски прашања“ 8-те дена службен престој во Јапонија, на ЕКСПО во Осака. ЕКСПО, има секундарно политички рефлексии, а многу повеќе станува збор за туристичка и економска промоција на земјите на овие светски саеми. Така што, заклучокот е дека ова службено патување на сметка на граѓаните на Македонија, е со промашена цел.

Во прашање се и 9-те дена на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Да, тоа е важен меѓународен настан, но ефектите од таков тип интензивни средби кои кога се остваруваат од билатерален аспект се или на нога, на маргините на официјалната програма, или на куси тет-а-тет средби на „саемски штандови“, кои не траат повеќе од 10 до15 минути.

Останатите службени патувања на министерот за европски прашања се во рамките на очекуваното. Најдолги престои од 10 и од 8 дена во Европа биле мини трурнејата во Турција, Украина и Полска, и учеството на Минхенската безбедноста конференција и на состанокот на министрите за европски прашања во Варшава од 12 до 19 февруари.

Како што пишувавме претходно, Рацин.мк прашања за службените патувања испрати и до Министерството за надворешни работи и меѓународна трговија и до Министерството за култура и туризам. Од МНР добивме безобразен одговор со кој не упатија на Фејсбук страницата на министерот, а од култура уште молчат.   

Зачлени се на нашиот е-билтен