За неполни триесетина дена опожарени над 35 патнички возила

опожарени над 35 патнички возила
Опожарено возило на Ѓорѓи Галетановски

За неполн триесетина дена опожарени над 35 патнички возила. Ова е статистиката на Рацин.мк „собрана“ од информациите од дневниот билтен на МВР и од медиумските записи. Заклучокот е дека оваа бројка загрижувачка.

– ⁠На улица “Сисак” во Битола опожарено возило (27.8.2025)

– ⁠На територија на Центар, Скопје, опожарено возило “Фиат” а зафатени уште две “Фиат Пунто” и “Сузуки” (27.8.2025)

– ⁠Во Куманово опожарено возило марка “Ланд Ровер” (30.8.2025)

– Во С. Ржаничано пожар во патничко возило “Рено Лагуна” (1.9.2025)

– ⁠Опожарено возило на Ѓорѓи Галетановски, покрај неговото гореле уште 2 возила (9.9.2025)

– ⁠Опожарено возило “фолскфаген голф” на улица “Ресенска” во Скопје, гореле уште 2 возила (11.9.2025)

– ⁠Опожарени околу 20 возила во сервис во Пинтија (15.9.2025)

– ⁠Во с.Идризово настанал пожар во возило “Цитроен Пикасо” (19.9.2025)

– ⁠Две опожарени возила за една ноќ (24.9.2025). Едно на „11 Октомври“ каде изгоре патничко возило „БМВ“, а било зафатено и патничко возило „Цитроен“ и неколку часа подоцна, на 25 септември околу 03:47 часот, на улица „Дичо Петров“ избувнал нов пожар во возило „Ренџ Ровер“.

Зачлени се на нашиот е-билтен