СДСМ ги отфрла овие обвинувања како „политички циркус“ и „театар на граница“, тврдејќи дека целиот настан околу Артан Груби е однапред смислено сценарио за дефокусирање на јавноста. Опозицијата јавно го постави прашањето како ВМРО-ДПМНЕ однапред знае какви информации би можел да сподели приведениот, што според нив претставува признание за постоење на меѓупартиски договор.
СДСМ укажува на серија нелогичности во постапувањето на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ), особено во делот на безбедносните проценки за неговото лоцирање и приведување.
Во своите реакции, СДСМ побара одговори за неколку контроверзни прашања поврзани со премиерот Христијан Мицкоски, како што се идентитетот на лицето со псевдоним Симо и неговата поврзаност со премиерот, и природата на односите помеѓу Христијан Мицкоски и Душан Адамовиќ, кој се опишува како член на српската партија СНС со криминално минато.
СДСМ и понатаму останува на ставот дека д-р Жан Митрев должи одговори за неговите обвинувања кои со молкот потврдува дека се лажни, оценува СДСМ.