Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За што ќе се трошат унгарските пари – Ќе се градат и трговски центри што ќе ги финансираат граѓаните

Стопанството никако да ги добие 250 милиони евра од унгарскиот кредит. Првичните најави беа дека ќе ги добијат парите до ноември, па до крајот на годината, потоа после празниците, но најверојатно тоа ќе се случи на почетокот на февруари според информациите на Рацин.мк од бизнис секторот.

Иако средствата од унгарскиот кредит беа првично планирани за финансирање на инвестиции во производствени капацитети, наменети за инвестиции во опрема, машини и фабрики, што би било корисно за развој на производството и создавање нови работни места, премиерот Христијан Мицкоски неодамна најави дека тие ќе можат да се користат и за изградба на трговски центри.

-Очекувам после новогодишните празници, иако дел од банките и сега веќе ги промовираат но веќе да почнат и активно да пренесуваат и дел од средствата до компаниите кои ќе ги користат. За ваков тип на инвестиции можат да се користат тие средства, нормално до границата која што ја споменавме до 10 милиони евра, изјави Мицкоски во декември одговарајќи на новинарско прашање дали бизнисот ќе може да гради и трговски центри.

Со тоа се поставува прашањето дали на вистински начин ќе се искористат овие пари за развој на производството, а не за промоција на трговски и комерцијални интереси кои можеби нема да донесат директни економски бенефити за сите граѓани.

Според информациите на од банкарскиот сектор, прво треба да бидат потпишани договорите меѓу банките и Владата до крајот на јануари 2025 година, но со оглед на процедурите најдоцна почетокот на февруари.

Фирмите кон банките ќе плаќаат каматна стапка од 1,95%, што ќе им овозможи на банките да ги покријат своите кредитни ризици, но сепак каматата од 3,25% што ќе биде плаќана кон Унгарија ќе биде покриена од буџетот, што значи дека и граѓаните ќе учествуваат во покривањето на трошоците за кредитот наменет за бизнисот.

С.Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен