Агенцијата за цивилно воздухопловство забрани летање и било какви операции на дронови на територијата на градовите Кочани и Штип.
Како што објавија од МВР, кои ја пренесоа забраната на АЦВ, неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по животот и имотот на трети лица на земја.
„Оперирање со воздухоплови без екипаж во забранети зони е основ за поведување постапка за санкционирање согласно Законот за воздухопловство“ велат од МВР.
Тие аплеираа до граѓаните, протестите да се одржуваат во мирна атмосфера, да се почитуваат веќе донесените одлуки од страна на државните институции и да се почитуваат наредбите и насоките од страна на полициските службеници, во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани во државата.