На социјалните мрежи се појави видео на кое се снимена мечка на паркинг во Ростуше. Камионот за собирање смет сугерира дека станува збор за место каде што мечката проценила дека има храна, ако се знае дека сме во сезоната кога тие се будат од зимскиот сон и тргнуваат во потрага по храна.
На видеото се гледаат вознемирени селски кучиња кои почнуваат да лаат и напаѓаат, по што таа се повлекла.
Од видеото што го снимиле мештаните се гледа дека станува збор за голема мечка која најверојатно заминала во шумата.