Запален домот на Пандов: Ова нема да ме запре, напротив, ќе ме зајакне

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи сподели видео од неговиот запален дом во Орешани.

„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците“ напиша Пандов.

Тој додава дека ваквиот потег нема да го запрат и поколебаат и порача дека никој не е над законот.

„Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува“ вели Пандов.

Тој порача дека очекува оти институциите ќе го најдат и казнат сторителот.

Зачлени се на нашиот е-билтен