Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Засега само осум пациенти ќе го добијат лекот „трикафта“ за цистична фиброза

Министерството за здравство, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување најавуваат дека ќе бидат во постојана меѓусебна и комуникација со производителот околу набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза.

Министрите за здравство Беким Сали и за финансии Фатмир Бесими денеска одржаа состанок за обезбедувањето финансиски средства за набавка на лекот. Терапијата, како што информираа, е првично за осум пациенти во потешка состојба, а плановите се набавка на лек за 30 пациенти во текот на оваа година.

Сали по средбата изјави оти се надева дека во најскоро време со сите потребни измени на Законот за јавни набавки и други закони поврзани со набавка на лекови, и со обезбедување финансиски средства, ќе се обезбеди терапија за овие пациенти.

Тој дополни дека ќе иницира измени во текот на следната недела и се надева дека ќе бидат поддржани во Собранието.

„Во делот на цената сè уште нема конкретна финална цена. Имаме првични информации за цената на еден третман за еден пациент на годишно ниво, меѓутоа останува финалната цена да ја добиеме од производителот“, изјави Сали.

Министерот Бесими рече дека ќе се најде решение за да се набави овој лек директно од производителот бидејќи е скап.

Зачлени се на нашиот е-билтен