Во судницата во Идризово заврши првото рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
По завршувањето на рочиштето дел од родителите на жртвите ги споделија своите впечатоци и очекувања.
Марија, мајка на жртва во пожарот рече дека трагедијата е многу голема дека се изгубени 63 млади животи.
Со 20 години затворска казна не сметаме дека правдата ќе биде задоволена. 63 млади животи се уништени“, рече Марија, додавајќи дека борбата сè уште не е завршена, бидејќи голем дел од повредените продолжуваат да се опоравуваат и носат трајни последици.
„Има уште повредени кои се опоравуваат. Министерството за здравство да преземе мерки“, апелира Марија, мајка од Кочани, барајќи поголема институционална грижа и поддршка за преживеаните.
Татко на еден од загинатите вели дека постојат стравувања дека целиот случај ќе се забошоти како и некои други трагедии.
,,За нас родителите ова е еден од најголемите испити за државата, затоа што гледаме дека како што минува времето нас не ставаат во заборав. Велат си имаат тие место каде да си плачат, нека си одат таму, јавноста нека не ја замараат… толку се чувствуваме исцрпени и омаловажени што уште од старт, од првите часови на судското рочиште гледам адвокати познати кои со вчера ги гледав по телевизиите, сега се бранители на обвинетите и со свои шеми и математики дејствуваат за наш оштетените начисто да не уништат”, вели родителот на еден од загинатите во Пулс.

