Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се зголемил долгот на даноци, царински давачки и физички лица кон УЈП

Вкупниот нето-долг објавен на листата која ја објави Управата за јавни приходи (УЈП) за долгови доспеани до 30.09.2024 и неплатени до 31.12.2024 година, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, изнесува 11.509.677.366 денари, што претставува зголемување од 309.353.404 денари во однос на претходната листа..

На Листата на должници за 2025 година има 1962 правни лица (помалку за 7 во однос на претходната листа) и 3915 физички лица (повеќе за 69 од претходната листа).

Долгот за даноци и придонеси е зголемен за 268.957.462 денари, со вкупен износ од 11.332.488.139 денари, додека долгот за царински давачки пораснал за 40.395.942 денари, достигнувајќи 177.189.227 денари.

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

Зачлени се на нашиот е-билтен