Зеленски: Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во објава на платформата „Х“ испрати сочувство за трагедијата во Кочани.

„Трагична вест за смртоносен пожар во Кочани во Македонија. Сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, до претседателката, и до македонскиот народ. На повредените им посакувам брзо закрепнување. Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден“, напиша украинскиот претседател.

Зачлени се на нашиот е-билтен