Вечерва во 18:33 часот, земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе Струмица и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според досегашните податоци, епицентарот бил на околу 115 километри југоисточно од Скопје, а земјотресот е почувствуван со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.