Земјотресот бил почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во близина на Гостивар, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот се случил во 1:36 часот, а епицентарот бил на 47 километри југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри.
Оттаму велат дека земјотресот бил почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степен според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот е регистриран и од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Според нивните податоци, епицентарот бил на 47 километри северозападно од Гостивар и на 38 километри од Призрен во Косово.
Во близина на Призрен во Косово и вчера беа регистрирани два земјотреси со јачина од 4 и од 3,2 степени, според Рихтеровата скала, а кои беа почувствувани и во Северна Македонија.