Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Утрово во Албанија е регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер. Епицентарот бил на околу 35 километри од Елбасан, во близина на границата со Македонија.

Тресењето било почувствувано и во југозападните делови на земјава, особено во охридско-струшкиот регион. Засега нема информации за материјални штети или повредени.

Зачлени се на нашиот е-билтен