Поради летните одмори, на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се бележи зголемен сообраќај. Времето на чекање за излез од државата утрово е околу 30 минути на „Табановце“ и 40 минути на „Богородица“, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На другите гранични премини нема подолги задржувања. Од АМСМ информираат дека регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е затворен за сообраќај поради пожар во националниот Парк Јасен.
Возачите се советуваат на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони, со посебен акцент на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.