Жена повредена откако врз неа паднала решетка од вентилација во КИЦ Скопје

46 годишна жена од концерт завршила во болница, откако врз неа паднала решетка од вентилација од таван во Културно информативниот центар во Скопје.

Детали за несреќата соопштија од МВР.

„На 20.11.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ стои во соопштението од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен